четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Маѓар бара од ЕУ пари за Украина

Маѓар бара од ЕУ пари за Украина

181
EPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, кој освои мнозинство на парламентарните избори и ќе биде следниот премиер на Унгарија, денес изјави дека ќе отпатува во Брисел во среда на неформални разговори со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Тој рече дека темата на разговорите со Фон дер Лајен ќе биде деблокирање на средствата за помош за Украина, кои Европската Унија ги замрзна поради спорови со заминувачкиот унгарски премиер Виктор Орбан, објави „Ројтерс“.

Маѓар, чија убедлива победа на изборите на 12 април го заврши 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан, рече дека „нема време за губење“.

ИЗДВОЕНИ