Лука Дончиќ проговори за својата иднина на крајот од сезоната!

431

Лука Дончиќ беше „трејдуван“ од Далас во Лејкерс на почетокот на февруари и му помогна на новиот тим да се пласира од третото место во плеј-офот од најсилното натпреварување. Сепак, „езерџиите“ испаднаа, па големите очекувања брзо потонаа.

Многу се зборува за тоа дали Лука ќе остане дел од тимот и по елиминацијата од оваа фаза од натпреварувањето, а на сето тоа Словенецот одговори дека се чувствува многу удобно во новата средина.

Неколку пати од замената во кој учествуваше, Лука Дончиќ зборуваше за тоа како се гледал себеси во Далас, можеби до крајот на кариерата. Сепак, од легенда на тимот од Тексас, тој полека гради репутација на нова, голема ѕвезда на Лејкерс. Меѓу другото, и затоа беше доведен во тимот на Лос Анџелес, но сепак останува отворено прашање дали ќе остане во тимот.

По поразот и елиминацијата од плеј-оф фазата, Лука Дончиќ беше запрашан да го опише периодот што го поминал со новиот тим, како ја доживеал организацијата и својата иднина. Сепак, одговорот не беше прецизен, но Словенецот истакна дека му е многу драго што е играч на Лејкерс.

„Беше одлично, искрено – начинот на кој навивачите ме прифатија беше неверојатен. Начинот на кој заедницата ме прифати беше исто така неверојатен. Затоа, навистина ми е мило што сум тука“, рече Дончиќ на прес-конференцијата по натпреварот. „Имав одлични неколку месеци, очигледно се обидував да научам за сè – за градот, за тимот. Значи, само се обидувам да обработам сè“, заклучи Дончиќ.

Дали Дончиќ е добар избор за Лејкерси?

Многу се зборува за Дончиќ по елиминацијата од НБА плеј-офот. За играта на Словенецот проговори и легендарниот Чарлс Баркли. Кошаркарскиот аналитичар беше, донекаде, суров кога се работи за Дончиќ: „На крајот на денот, не можете само да внесете некој висок играч ако Лука не знае да игра одбрана. Тој мора да научи како да игра одбрана и да влезе во форма“.

Сепак, не може да се каже дека Дончиќ е виновен за поразот на неговиот тим. Факт е дека во плејоф фазата можеби потроши голем број на топки, но погоди и во некои важни моменти. Она што им недостига на Лејкерс е класичен центар… Лејкерси одиграа без значителна помош на централната линија и нема сомнеж дека тоа се одрази и на резултатите на тимот.

ИЗДВОЕНИ