Полицијата во Ниш го уапси М.Ј. (47) под сомнение за предизвикување паника и неред, додека против Б.И. (53) е поднесена кривична пријава за истото дело. Двајцата се обвинети за ширење лажни информации во врска со закана во средно училиште, пренесува српски „Телеграф“.
Полицијата се сомнева дека вчера М.Ј. објавил лажни информации на својот профил на социјалните мрежи, тврдејќи дека малолетен ученик донел пиштол и таканаречен „список за отстрел“ во училиштето. Објавата предизвикала вознемиреност кај родителите и учениците. Се претпоставува дека М.Ј. ја презел содржината од профилот на Б.И., чии објави биле видливи за помал број луѓе.
На уапсениот М.Ј. му е одреден притвор во траење до 48 часа и тој ќе биде изведен пред надлежниот обвинител во Ниш заедно со кривичната пријава. Кривичната пријава против Б.И. е поднесена по редовна постапка.












