Кошаркарскиот клуб Партизан официјално го потврди ангажманот на габонскиот центар Крис Силва (30), кој пристигнува во Белград како засилување за продолжението од сезоната. Шпекулациите за неговото доаѓање траеја неколку дена, а Силва веќе ги помина и лекарските прегледи и го потпиша договорот со „црно-белите“.
Од Партизан информираа дека новото засилување ќе има право на настап, почнувајќи од натпреварот против Задар.
Силва е роден во 1996 година во Либревил, висок е 204 сантиметри и зад себе има искуство од НБА-лигата, каде што настапуваше за Мајами, Сакраменто, Минесота и Далас. Европската кариера ја градеше преку израелскиот Бнеи Херцлија и грчкиот АЕК, каде што ги одигра најдобрите натпревари во досегашната кариера, пред да се пресели во Фенербахче.
Неговото доаѓање е особено важно за тренерот Жоан Пењароја, кој има сериозни проблеми со високите играчи. Кевариус Хејс и Тони Џекири се надвор од стројот, па Жофри Ловерњ остана единствениот класичен центар на располагање.











