четврток, јуни 4, 2026
Дома СПОРТ Левандовски даде одговор на најважното прашање

Левандовски даде одговор на најважното прашање

99
epa11935240 FC Barcelona striker Robert Lewandowski celebrates after scoring the 4-0 lead during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Real Sociedad at the Montjuic Olympic stadium in Barcelona, Spain, 02 March 2025. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона инвестираше над 40 милиони евра во доаѓањето на Роберт Левандовски од Баерн (М) во летото 2022 година, а таквиот потег се покажа како целосен успех за Каталонците.

Во претходните три сезони, Левандовски ги оправда вложените пари и се покажа како одлично засилување, а не крие колку ужива во Барселона со своето семејство.

Полскиот интернационалец и неговото семејство се навикнаа многу на животот во Барселона и планираат да живеат таму дури и откако ќе ја заврши кариерата, но малкумина очекуваа дека крајот може да дојде толку брзо.

Се повеќе се зборува дека Лева ќе ги обеси копачките на крајот од оваа сезона бидејќи Барселона нема да му ја исполни желбата и да му даде нов договор, а тој не е премногу заинтересиран да оди во друг клуб.

Неговата одлука е да остане со своето семејство во Барселона без оглед на тоа дали ќе добие договор или не, а воопшто не ги разгледува понудите што ги има на маса од Саудиска Арабија и САД.

Сепак, се чини дека Лева сè уште не се откажал целосно и постои надеж дека би можел да добие договор од Барса за уште една сезона, па дури е подготвен да седи на клупата и да биде резервна опција во нападот.

Полјакот изјави дека ќе си даде околу три месеци да донесе одлука и дека тоа ќе биде негова лична одлука без притисок од други луѓе за тоа што да прави.

„Ќе си дадам околу три месеци да донесам одлука за мојата иднина. Барселона има сè што ни треба мене и на моето семејство и се чувствуваме многу удобно тука“, изјави Левандовски и додаде:

„Одлуката ќе биде моја лично и не сум под притисок да ја донесам. Луѓето велат дека сум стар и дека повеќе не трчам, но мојата статистика вели поинаку. Понекогаш работите што се кажуваат не се засновани на логика“.

Шпанските медиуми пишуваат дека Левандовски некако јасно ставил до знаење дека чека повик од Барселона и понуда за нов договор и дека ќе се надева на тоа до последната секунда.

Исто така, од изјавата може да се заклучи дека пензионирањето е навистина најреална опција доколку нема понуда од Барселона.

Искусниот напаѓач досега постигна 14 гола и имаше три асистенции во 32 натпревари за Барселона оваа сезона.

Откако дојде од Баерн (М), тој одигра вкупно 179 натпревари за „блауграна“, постигнувајќи 115 гола и запишувајќи 23 асистенции.

ИЗДВОЕНИ