петок, јули 31, 2026
Дома СПОРТ КОШАРКА Леброн го подготвува својот „Последен танц“?

Леброн го подготвува својот „Последен танц“?

13
EPA/CHRIS TORRES SHUTTERSTOCK OUT

Претстојната сезона би можела да биде своевиден „последен танц“ на Леброн Џејмс во НБА-лигата.

Според „Атлетик“, Леброн е блиску до договор со ESPN за документарна серија по примерот на легендарниот „The Last Dance“, посветен на последната сезона на Мајкл Џордан со Чикаго Булс.

Доколку договорот биде постигнат, филмска екипа ќе го следи Џејмс во неговата следна сезона во дресот на Филаделфија. Документарецот би ја опфатил и целата негова кариера – од средношколските денови и првите НБА успеси, до завршните поглавја на кариерата.

Се очекува во серијата да биде прикажан и досега необјавен материјал, а голема неизвесност останува кога би можела да биде емитувана. Иако 41-годишниот кошаркар потпиша договор на две години, не е познато дали ќе ги одигра двете сезони или ќе се повлече по сезоната 2026/27.

Неговиот агент Рич Пол, пак, неодамна најави дека Леброн би можел да игра и до 45. година.

Најголемата цел на Џејмс во Филаделфија е освојување шампионска титула. Ако успее да го одведе тимот до НБА-прстен, а камерите го забележат целиот пат, неговиот „Последен танц“ би можел да стане еден од најзначајните спортски документарци на генерацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Philadelphia 76ers (@sixers)

ИЗДВОЕНИ