Доколку Европа ја нападне Русија, војната ќе биде многу кратка, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него, лидерите на европските земји се однесуваат воинствено и постојано зборуваат за својата подготвеност да војуваат со Русија, додека руската страна, како што истакна, нема таква намера.
„Ние никогаш нема да ги нападнеме. Но, ако нè нападнат, тоа ќе биде фундаментално поинаква војна и ќе трае многу кратко“, рече Лавров.
Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, претходно ја нарече Русија егзистенцијална закана за европските земји, пренесе Спутник.
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, изјави дека ЕУ има утврдено планови за подготовка за можна воена конфронтација со Русија во своите стратешки документи, кои се однесуваат на периодот до 2030 година.












