вторник, септември 8, 2026
Дома БАЛКАН Голем пожар беснее на југот на Турција: Стотици граѓани се присилени на...

Голем пожар беснее на југот на Турција: Стотици граѓани се присилени на евакуација/видео

0
Фото:принтскин, „Икс“

Во турската покраина Анталија, на медитеранскиот брег на југот на земјата, пожарникарите се борат со голем шумски пожар кој принуди стотици луѓе на евакуација, а најмалку две лица се повредени, Огнот избувна синоќа во Акса, округ на подрачјето на градот Анталија, а силен ветер го прошири кон соседен Кепез, пишува AP.

Две лица се хоспитализирани со повреди на нозете, а шест биле примени вчера на местот на пожарот поради вдишување чад. Евакуирани се жителите од најмалку 254 куќи во окрузите на Акса и Кепез. Привремено е затворен и автопатот кој ги поврзува Анталија и Испрарта, град оддалечен околу 130 километри на север.

Градските власти на Анталија потврдија дека повеќе од 100 кучиња се преместени на безбедно место од засолниште во Аксу бидејќи им се заканува пламен и густ чад. Во регионот, повеќе од 2.000 домаќинства останаа без електрична енергија, објави агенцијата „Анадолу“.

Најмалку пет противпожарни авиони, 10 хеликоптери, 110 противпожарни возила и 600 припадници на службите се вклучени во гаснењето на пожарот. Во исто време, противпожарните бригади се борат со пожари во блиските провинции Адани и Мерсин.

ИЗДВОЕНИ