четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА „Лајка“ работи 24/7 – за пет дена направени 25 стерилизации, од нив...

„Лајка“ работи 24/7 – за пет дена направени 25 стерилизации, од нив 9 во неделата

44

Тимот на ЈП „Лајка“, од почетокот на месецот досега, реализирал 25 стерилизации, од кои девет само во неделата.

– Првпат по долго време, во претпријатието има слободен капацитет за прием на 20 кучиња за хуман третман. Овој резултат е плод на заедничката работа и посветеноста на сите вработени и сектори во ЈП „Лајка“ – соопштија од претпријатието.

За споредба, во април 2024 година ЈП „Лајка“ имало третирано 77 кучиња, додека во април 2025 година тој број изнесувал 89.

Од претпријатието ги повикуваат граѓаните да пријавуваат нетретирани кучиња (без ушна маркичка) во својата околина.

– Тимовите на ЈП „Лајка“, од понеделник до петок, ќе бидат, главно, присутни на локации во општините Кисела Вода и Карпош – информираат од претпријатието.

 

ИЗДВОЕНИ