четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Бесплатен преглед и мерење на притисокот и на шеќерот во крвта за...

Бесплатен преглед и мерење на притисокот и на шеќерот во крвта за центарци

230

Вратите на Младинскиот центар „Матично“, кој функционира во рамките на Општина Центар, денеска беа отворени за бесплатни здравствени проверки и консултации за граѓаните.

Прегледите се реализираа во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без претходно закажување, а во пресрет на  Светскиот ден на здравјето.

Граѓаните имаа можност бесплатно да се консултираат со тим лекари специјалисти и да добијат совети поврзани со своето здравје, како и да направат основни здравствени проверки, меѓу кои мерење на крвниот притисок и мерење на гликозата во крвта.

Во текот на денот, консултации и советувања со граѓаните одржаа: д-р спец. Снежана Георгиева, гинеколог акушер; д-р спец. Љиљана Атанасовска, дерматовенеролог; д-р спец. Велимир Савески, инфектолог и доц. д-р Александар Савески, ортопед трауматолог.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста и да се консултираат со стручни лица.

– Оваа активност се реализира во пресрет на Светскиот ден на здравјето, со цел да ја поттикнеме свеста за превенцијата и за редовната грижа за сопственото здравје – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Акцијата се реализираше во соработка со ХЕРА, асоцијација за здравствена едукација и истражување.

По повод Светскиот ден на здравјето, 7 Април, Општина Кисела Вода во соработка со Црвен крст и Институтот за јавно здравје утре организира бесплатна превентивна акција за граѓаните.

Во рамките на акцијата ќе се врши мерење на крвниот притисок, шеќерот во крвта и ќе бидат поставени информативни пултови со совети за здрав начин на живот.

Акцијата ќе се одржи од 10:00 до 12:00 часот, на две локации: паркот „Македонија“ и Паркот на бранителите во Драчево.

Од Општината ги поканија сите граѓани да го проверат своето здравје.

 

ИЗДВОЕНИ