четврток, октомври 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ДВЕ КУМАНОВКИ ЗЕЛЕ 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПРЕКУ КРЕДИТИ НА ТУЃО ИМЕ, ПЕТ...

ДВЕ КУМАНОВКИ ЗЕЛЕ 12 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПРЕКУ КРЕДИТИ НА ТУЃО ИМЕ, ПЕТ БАНКАРИ ИМ ПОМОГНАЛЕ

56

Без знаење и согласност на граѓани аплицирале за брзи потрошувачки кредити, а парите завршувале кај осомничените – МВР пријави седум лица

Две кумановки, според сомненијата на полицијата, искористувале лични податоци на други граѓани за да подигнуваат брзи потрошувачки кредити без нивно знаење и согласност. Во подигнување на кредитите, како што се сомнева полицијата, им помогнале петмина банкарски службеници, кои овозможиле исплата  на парите. Вкупната противправна имотна корист што, според пријавата, ја оствариле двете жени изнесува 12.221.500 денари, односно повеќе од 198.000 евра.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.Д. (23) и М.В. (35) за сомнение за измама и злоупотреба на лични податоци, како и против петмина банкарски службеници за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полициските сознанија, првопријавената од јануари до јули 2026 година во 18 наврати аплицирала за брзи потрошувачки кредити користејќи лични податоци на повеќе лица, без нивна согласност. Откако кредитите биле одобрени и парите исплатени, средствата биле противправно присвоени од двете пријавени жени.

ПЕТ БАНКАРИ ПОД ЛУПА

Во случајот се опфатени и М.П. (34), С.М. (27), Н.Н. (34), Д.М. (48) и С.О. (36), вработени како банкарски службеници во филијала на една банка. Според пријавата, тие овозможиле реализација на кредитите и располагање со паричните средства, со што им помогнале на двете жени да се стекнат со противправна имотна корист.

Случајот уште еднаш ги потврдува сомнежите од злоупотреба на личните податоци при одобрување брзи кредити, нивна заштитата  и контролите што треба да спречат задолжување граѓани без нивно знаење.

Кривичната пријава е поднесена до надлежното обвинителство, а сомневањата за кривичните дела треба да бидат предмет на натамошна постапка.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ