четврток, октомври 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

1

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес што се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.

Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц  кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.

Пред почетокот на настанот, информираат од владината прес-служба, предвидени се кратки изјави за медиумите, додека на главната сесија премиерот Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.

ИЗДВОЕНИ