вторник, јуни 9, 2026
Дома МАГАЗИН Кумановецот Филип Александровски за обожавателите од Вардар до Триглав, со спот снимен...

Кумановецот Филип Александровски за обожавателите од Вардар до Триглав, со спот снимен на морскиот брег во Грција

1

Ѕвездата на „Гранд“ од Македонија!

Тој за себе најпрво ќе каже дека е горд со својата работа на естрадата, со својата сила со која застанува на големата сцена.                      – Горд сум на секоја песна што ја испеав, секој аплауз и искрен збор што го добивам од публиката, вели кумановецот Филип Александровски кого армијата обожаватели многу добро го памти и по најновите настапи во балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“.

– Во ова натпреварување се збогатив со големо искуство и нови пријателства кои остануваат за цел живот. Огромна благодарност праќам до мојот ментор, Ѓорѓе Давид, човекот што ме чуваше, бодреше и што веруваше во мене како во свое дете.

Мојот пат во „Ѕвездите на Гранд“ заврши на самиот чекор пред големото финале, но не сум разочаран, бидејќи мојот ѕвезден пат не застанува тука. Ова е нов почеток, со новата песна. Во тоа познато балканско музичко натпреварување се збогатив со големо искуство и нови пријателства, кои остануваат за цел живот. Филип е момчето што ја освои публиката од Вардар до Триглав. Деновиве, тој на социјалните мрежи и на музичките платформи ја објави својата најнова песна, со наслов „Ноќ за паметење“, која уште на прво слушање привлекува внимание поради емоциите, модерниот звук и неговата впечатлива интерпретација. Целиот проект има и визуелна приказна преку видеоспот, снимен на морскиот брег во соседна Грција, а во режијата на Алек Тасевски.

Атрактивните видеокадри и летната атмосфера дополнително ја доловуваат енергијата што ја носи „Ноќ за паметење“. Неговата харизма, емоција и посветеност на сцената го издвојуваат како еден од највпечатливите новонадежни пејачи. – Пресреќен сум што конечно „Ноќ за паметење“ ја здогледа светлината на денот. Станува збор за песна во која навистина се пронајдов и уште на прво слушање почувствував дека носи посебна среќа. Огромна благодарност до Димитар Андоновски за довербата, за прекрасната соработка и за тоа што создаде песна во која максимално можев да се изразам како пејач. Снимањето на видеоспотот во Грција за мене беше едно прекрасно искуство, исполнето со многу позитивна енергија. Имавме прекрасно дружење и убави моменти кои верувам дека публиката ќе ги почувствува и преку самото видео.

Планирам сериозно да ѝ се посветам на мојата музичка кариера. Во периодот што следува, публиката може да очекува уште многу нови авторски песни и проекти на кои веќе активно работам, вели атрактивниот Филип. Со новата песна, Филип уште еднаш потврдува дека станува збор за пејач со сериозен потенцијал и јасна визија за својата музичка иднина. „Ноќ за паметење“ е само уште еден следен чекор во неговата музичка кариера.

ИЗДВОЕНИ