недела, јуни 7, 2026
Дома СВЕТ Кубанските власти им делат оружје на цивили

Кубанските власти им делат оружје на цивили

204

 

Кубанските власти почнаа да делат оружје на цивилите и го повикуваат населението да се подготви за можна инвазија на САД, објави венецуелскиот весник „Верзион финал“.

Според медиумот, поради зголеменото американско воено присуство во близина на островот, владата во Хавана почнала да ги вооружува граѓаните и официјално да ги предупредува за опасноста од „непосредна странска инвазија“.

Во извештајот се наведува дека подготовките за можен воен конфликт веќе влијаеле на секојдневниот живот во Куба. Државните институции и организации во Хавана наводно разгледуваат вонредни мерки поради зголемените тензии и активностите на САД во регионот.

Деновиве, по долги години повлеченост во јавност излезе и поранешниот кубански претседател Раул Кастро, кој има 95 години. Тој зборуваше на 65-годишнината од основањето на кубанското Министерство за внатрешни работи.

ИЗДВОЕНИ