Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека украинските власти ги информираат меѓународните партнери за рускиот напад врз централизираниот складишен објект за потрошено нуклеарно гориво во близина на нуклеарната централа „Чернобил“.
Тој објави на „Фејсбук“ дека руски дрон „шахед“ погодил едно од складиштата и го оценил нападот како „напад врз критична инфраструктура“. Според него, украинското Министерство за надворешни работи, Министерството за енергетика и други надлежни служби веќе ги информираат меѓународните партнери за инцидентот, објави „Укринформ“.
Зеленски изјави дека по нападот не е забележано зголемување на нивото на зрачење и дека противпожарните служби брзо го изгаснале пожарот што избувнал на местото.












