В четврток, во општина Ѓорче Петров, ќе се одржи крводарителска акција во рамки на Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината.
Акцијата ќе се реализира во Центарот за култура во Ѓорче Петров, во периодот од 12:00 до 18:00 часот.
Од Општина Ѓорче Петров ги повикуваат сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат кон оваа акција и со својот придонес да помогнат во обезбедувањето доволни количества крв за оние на кои им е неопходна.
– Со дарувањето крв, граѓаните директно придонесуваат за спасување на човечки животи и покажуваат солидарност и хуманост кон заедницата – нагласуваат од локалната самоуправа.












