Поради силното невреме кое го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција.
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Град Скопје е во постојана координација со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции.
-Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици.Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно – извести Ѓорѓиевски.
Тој ги повикува граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби.












