Во црквата „Света Софија“, вечерва 31 јули во 21:00 часот, концерт ќе одржи квартетот саксофони „Сигнум“ (Словенија/Германија), во состав Михал Кнот – сопран саксофон, Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар – тенор саксофон и Едоардо Зоти – баритон саксофон.
Квартетот саксофони „Сигнум“ е с,è освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти, кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Нивниот стил претставува еден вид спој на повеќе жанрови, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на нашето време. Уште при првите тонови на својата изведба овие музичари почнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)


![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-218x150.jpg)





