петок, јули 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Царината спречи обид за нелегален пренос на девизи: Грк пријавил 60.000 евра,...

Царината спречи обид за нелегален пренос на девизи: Грк пријавил 60.000 евра, а носел над 124.000 евра

1

Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин, информираа утрово од Царинската управа.

Од таму посочуваат дека девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.

„Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на FRONTEX извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени“, наведуваат од Царина.

Додаваат дека годинава биле откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети биле вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.

ИЗДВОЕНИ