четврток, септември 24, 2026
Дома СКОПСКА Комплетно реновирана градинката „Кокиче“

Комплетно реновирана градинката „Кокиче“

522

Успешно се завршени градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на градинката „Весели цветови“.

– Со овој зафат, објектот е целосно реновиран – соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму информираат дека комплетно е обновен средишниот постар дел од објектот, кој опфаќа три занимални во кои престојуваат дечиња на возраст од 2 до 6 години, кујната, канцеларијата и ходникот.

– Целосно е отстранета старата ламперија од ѕидовите, поставена е арматурна мрежа, а ѕидовите се израмнети и соодветно обработени. Поставен е нов плафон. Извршени се демонтажа, темелно чистење и бојадисување на радијаторите. Поставено е ново осветлување – наведуваат од локалната самоуправа.

Притоа, додаваат дека континуираното унапредување на условите за децата во градинките останува приоритет.

– Со ова реновирање, создаваме многу попријатна, побезбедна и поздрава средина за престој и едукација на најмладите. Нашата цел е секое дете да има квалитетни услови за раст и развој, а воспитниот кадар – современ и соодветен простор за работа – потенцираат од Општина Кисела Вода.

 

ИЗДВОЕНИ