недела, ноември 8, 2026
Дома СВЕТ Три камили избегале од пасиште во Германија, една се судрила со автобус:...

Три камили избегале од пасиште во Германија, една се судрила со автобус: Шофершајбната пукнала, животното останало неповредено

60

Три камили избегаа од ограден простор во Баварија, а една од нив, по име Зафира, се нашла на патот токму кога поминувал линиски автобус; судирот бил силен, но животното поминало без повреди.

Невообичаена сообраќајна несреќа се случи во сабота наутро во градот Ридеринг, во германската покраина Баварија, недалеку од Минхен, кога автобус се судри со камила која, заедно со уште две животни, избегала од пасиште.

Трите камили, кои припаѓале на циркус или патувачка забавна компанија, кои моментално престојуваат во градот, биле сместени во оградена ливада покрај патот, но полицијата се сомнева дека електричната ограда не била правилно затворена, што им овозможило на животните да избегаат.

Камилите го преминале патот и тргнале во потрага по свежа трева, но нивната авантура завршила кога наишол автобус со 61-годишен возач.

Едно од животните, по име Зафира, се нашло на патот на возилото. Ударот бил доволно силен за да ја скрши шофершајбната и да го оштети надворешниот ретровизор, но за изненадување на сите, камилата поминала неповредена. Возачот исто така не бил повреден.

Полицијата ја проценила штетата на автобусот на околу 500 евра. Сите три камили на крајот биле вратени на своите сопственици, а нивното излегување надвор од оградата завршило среќно – барем за необичните бегалци.

ИЗДВОЕНИ