четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Росатом“ ги евакуира вработените од нуклеарната централа Бушер во Иран

„Росатом“ ги евакуира вработените од нуклеарната централа Бушер во Иран

73
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ евакуираше уште една група вработени од иранската нуклеарна централа „Бушер“, изјави денес директорот на компанијата Алексеј Лихачев, објави ТАСС.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во вторник соопшти дека Иран ја информирал дека ракета ја погодила централата „Бушер“.

„Росатом“ вчера соопшти дека ја започнал третата фаза од евакуацијата на персоналот од објектот.

Една група вработени замина по пат кон границата меѓу Иран и Ерменија во среда наутро, додека се очекува уште две групи наскоро да го напуштат местото.

ИЗДВОЕНИ