Дваесет и шестгодишниот кошаркар Кевин Портер Јуниор би можел повторно да ја продолжи кариерата во Европа откако се разделија со Милвоки пред почетокот на новата НБА-сезона.
Американскиот плејмејкер своевремено беше избран како 30. пик на драфтот, а во НБА настапуваше за Кливленд, Хјустон, Лос Анџелес клиперс и за Милвоки. Во 2024 година, тој се пресели во Грција, каде што го носеше дресот на ПАОК, пред повторно да се врати во најсилната кошаркарска лига во светот.
И покрај одличните индивидуални бројки минатата сезона, тој не успеа да обезбеди нов ангажман во НБА. На 38 натпревари имаше просек од 17,4 поени, 7,4 асистенции и 2,2 украдени топки.
Познатиот НБА-извор, Брет Сигел, смета дека би можел да се појави интерес за него и од европските клубови.
- Би го следел како потенцијална цел за европските клубови. Очекувам дека ќе има интерес таму – порача Сигел.











