На веб-страницата на Министерството за енергетика објавени се списоците со граѓани штое стекнаа со правото на инвертер-клима. Започнува 30-дневната постапка за подигнување на ваучерите за купување и вградување инвертер клима-уред. Од 18 март до 17 април 2026 година, лицата што се на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде што ќе треба да ги подигнат ваучерите.

На сајтот на Министерството се точно наведени потребната документација и текот на процедурата за подигнување. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат и на телефонските броеви 071-391-187 и 071-391-169 или на и-мејл [email protected].

Рокот за подигнување на ваучерот е 30 дена од денот на објавата. По подигнувањето, ваучерот овозможува набавка и вградување инвертер клима-уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа A+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Министерството во наредните денови ќе го објави и списокот со компании со кои се склучени договори, каде што ќе можат граѓаните да ги искористат своите ваучери. Ранливите потрошувачи ќе избираат клима-уред од понудите на овие компании, без дополнителна доплата, а вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.

Оваа објава се однесува исклучиво на граѓаните што веќе аплицирале во 2025 година и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамките на овој повик се доделуваат вкупно 4.070 ваучери.

ИЗДВОЕНИ