Познатиот украински боксер Владимир Кличко се проговори на својот Инстаграм профил за трагичната и ненадејна смрт на неговата поранешна партнерка, американската актерка Хајден Панетиер, која почина во недела на 36-годишна возраст.
Владимир Кличко, со кого Хајден ја имаше ќерката, Каја, објави трогателна порака во која се збогува со актерката и му упати сочувство на нејзиното семејство.
– Нашето семејство поминува низ период на длабок шок и тага. Веста за трагичната смрт на Хајден длабоко ме растажи. Таа го напушти овој свет прерано. Хајден, иако повеќе не е моја партнерка, беше важен дел од мојот живот и мајка на нашата ќерка Каја. Таа изгради неверојатна кариера преку огромен талент, а воедно се соочи и со потемните страни на многу тешката индустрија – напиша тој во објава на Инстаграм и додаде:
– Ништо нема да го избрише времето што го поминавме заедно, ниту местото што го имаше во нашите животи. Секогаш и зборувам на нашата ќерка Каја за нејзината мајка со почит и ќе се погрижам таа да се сеќава на личноста што беше. Моето најдлабоко сочувство до родителите на Хајден, нејзините пријатели и нејзините обожаватели, кои исто така тагуваат денес. Младите и талентирани луѓе како Хајден не треба да го напуштат овој свет толку рано. Ве молам сите да ги почитуваат чувствата и приватноста на нашето семејство во ова неверојатно тешко време. Засега, ова е сè што сакам да кажам. Ви благодарам на сите што го поддржувате моето семејство и изразувате искрено сочувство. Почивајте во мир, Хајден. Најди вечен мир – напиша тој во објава на социјалните мрежи.
View this post on Instagram












