вторник, август 18, 2026
Дома СВЕТ Американски парадокс: Се увезуваат кинески автомобили и покрај царината од 127 проценти

Американски парадокс: Се увезуваат кинески автомобили и покрај царината од 127 проценти

107

Позната американска компанија, врз основа на едноставни економски пресметки, одлучи да увезува кинески електрични автомобили и покрај ужасните царини што ги наметна државата. Кинеските веб-страници објавуваат, цитирајќи го американскиот печат, дека компанијата „Вајмо“, која нуди такси-услуга во автономни возила (кои немаат возачи), увезла 3.200 кинески електрични возила во САД во последните две години, од кои 2.600 оваа година, и покрај тоа што морала да плати за нив драконска царина од 127 проценти, пишува РТС.

„Вајмо“ е компанија во сопственост на „Алфабет“, конгломератот во кој е вклучен „Гугл“ и моментално работи само во САД. Од неодамна влезе во Јапонија и во Јужна Кореја, но таму сè уште спроведува тестови. Иако високата царина претставува јасна и голема финансиска загуба, менаџментот на „Вајмо“ немаше сомнеж околу тоа дали би бил исплатлив увозот на кинески автомобили, бидејќи економската пресметка е јасна. Кинеските електрични автомобили што ги увезува чинат околу 30.000 долари. Кога ќе се додаде царината на таа сума, нивната цена скокнува на речиси 80.000 долари, а кога дополнително ќе се додадат трошоците за софтвер и хардвер потребни за претворање на овие автомобили во автономни (роботски), сумата се качува на околу 105.000 долари. И тоа е речиси половина од цената на електричните автомобили со слични карактеристики од британскиот производител „Јагуар“ што ги користела „Вајмо“ досега, кои чинат 200.000 долари кога се претвораат во робо-возило, пишува РТС.

Секако, екстремните царини за кинеските електрични автомобили, првично воведени во текот на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, ги прават возилата произведени во Кина недостапни за обичните Американци, но, очигледно, не и за големите компании.

 

ИЗДВОЕНИ