вторник, ноември 24, 2026
Дома СКОПСКА Зоолошката и ЈП „Лајка“ заедно ќе се грижат за благосостојбата на животните

Зоолошката и ЈП „Лајка“ заедно ќе се грижат за благосостојбата на животните

1

В.д. директорката на Зоолошката градина – Скопје, Катерина Костова, и в.д директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, денеска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Целта на оваа соработка е унапредување на грижата, заштитата и благосостојбата на животните преку размена на знаења, стручни искуства и добри практики, како и реализација на заеднички едукативни активности и кампањи за подигнување на јавната свест.

-Како институции кои споделуваат заеднички вредности и посветеност кон животните, веруваме дека со обединување на нашите капацитети и искуства можеме да придонесеме кон создавање похумано, поемпатично и поодговорно општество. Се радуваме на идните заеднички проекти и иницијативи, преку кои ќе продолжиме да градиме подобра иднина за животните. Љубовта и грижата за животните се наша заедничка одговорност – потенцираат двете институции.

 

ИЗДВОЕНИ