Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека раководните лица не се заинтересирани за услугите на холандскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Искусниот дефанзивец на крајот од сезоната ќе има статус на слободен фудбалер и веќе потврди дека ќе си замине доколку не му биде понуден нов договор.












