
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, уште еднаш покажа зошто се смета за еден од најдиректните и најкритичните аналитичари во светот на фудбалот.
Ирецот не е импресиониран од моменталните решенија на клупата на славниот клуб, а особено нагласи дека одредени кандидати, без оглед на краткорочните резултати, едноставно, немаат квалитет за долгорочна работа на „Олд Трафорд“.
Кин верува дека неколку добри натпревари или краткорочен блесок на резултати не треба да бидат критериуми за донесување толку важна одлука како што е изборот на тренер на Манчестер јунајтед.
„Велам и ќе продолжам да повторувам – тој не е за Манчестер jунајтед“, беше јасен Кин, не сакајќи да го омекне својот став, тврдејќи дека Мајкл Карик не е решението.
Кин нагласува дека клуб од таква големина мора да размислува долгорочно и да бара тренер кој има авторитет, искуство и континуитет на највисоко ниво.
Според него, дури и сценарио во кое моменталниот тренер постигнува врвни резултати до крајот на сезоната, не би го променило неговиот став.
„Дури и да освојат сè, не би му ја дал работата следната сезона“, рече Кин, јасно ставајќи до знаење дека за него стандардите на Манчестер jунајтед мора да бидат многу повисоки.
Неговата изјава доаѓа откако Манчестер jунајтед загуби со 2:1 од Лидс на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ моментално се трети со 58 бода и со речиси сигурно место во Лигата на шампионите, што сепак би можело да биде голем успех за клубот.
Керик се појави како замена за Рубен Аморим, кој пристигна со големи очекувања, но ниту тој не се прослави.
Претходно, тимот безуспешно го водеше Ерик тен Хаг, привремено Ралф Рангник, Оле Гунар Солскер, Жозе Мурињо…
Јунајтед го освои последниот трофеј во мај 2024 година, кога го победи Манчестер сити со 2:1 во финалето на ФА Купот на „Вембли“.











