петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Никола Милосковски со “Стари мој“- емотивна љубовна балада – Тоа е тоа!

Никола Милосковски со “Стари мој“- емотивна љубовна балада – Тоа е тоа!

37

По бројните кавери и препеани хитови со кои го привлече вниманието на публиката, симпатичен и талентиран кумановец, пејачот Никола Милосковски конечно го направи својот прв но, најсериозен чекор во кариерата. Преку својот YouTube канал, тој пред некој ден ја промовираше својата прва песна – емотивната љубовна балада „Стари мој“, проследена со впечатлив видеоспот.

Станува збор за песна која уште на прво слушање плени со својата мелодичност. „Стари мој“ носи силна емоција и лесно допира до секој што знае да ја си ја почитува вистинската љубов. Ова е композиција во која многумина ќе се пронајдат – особено оние кои сакаат најискрено, без резервни емоции.

Песната е резултат на соработка со Емел Франца, кој стои зад музиката и текстот, додека аранжманот го потпишува Кристијан Јовановиќ. Зад видео спотот стои Алек Тасевски, кој визуелно ја доловува емоцијата што ја носи самата песна. Спотот е снимен на повеќе локации во Скопје. Интересно е што токму каверите што Никола ги објавувал на интернет биле клучни за оваа соработка. Неговите изведби стигнале до вистинските луѓе во вистинско време, по што Емел Франца му ја испратил песната.

На второ, трето, четврто слушање само си потврдив дека тоа е тоа“, вели Никола, објаснувајќи ја својата поврзаност со композицијата. (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ