Од Општина Аеродром информираат дека работат на проект за поставување видеонадзор за да не се случуваат повеќе инциденти како оној со игралиштето „Патрик“, кое беше искршено од група млади лица и притоа беше предизвикана штета од повеќе илјади евра.
– Секое искршено игралиште е штета за сите граѓани, особено за најмладите. Затоа, покрај реконструкцијата на постојните спортски и детски игралишта, работиме на проект за поставување видеонадзор. Нашата цел не е само да поправаме туку и да спречиме уништување на заедничкиот имот. Аеродром заслужува уредени и безбедни простори, кои ќе останат зачувани за идните генерации – велат од Општината.












