Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата во која откри дека здравствената состојба на Џамал Мусијала е повеќе од сериозна и дека раководните лица имаат голема дилема.
– Се наоѓаме во дилема кога е тој во прашање. Боледува од болест која не може едноставно да се излекува, но со помош на лекови, може донекаде да се држи под контрола. Сепак, неизвесно е дали некогаш ќе го врати резултатот што некогаш го имаше, изјави Хенес.












