среда, ноември 11, 2026
Дома СКОПСКА Над 30.000 вредни луѓе се обединија за чисто Скопје

Над 30.000 вредни луѓе се обединија за чисто Скопје

3

Повеќе од 30.000 вредни луѓе денеска повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје „Да оставиме пример, не ѓубре“.

-На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

На оние што несовесно создаваат депонии тој им порача да ги погледнат овие деца и да земат пример од нив.

-Покажете дека го сакате Скопје со тоа што ќе го чувате. Наша должност е да им оставиме почист град – нагласи скопскиот градоначалник, додавајќи дека оваа акција продолжува и натаму.

ИЗДВОЕНИ