Кошаркарскиот клуб Работнички повторно се најде на удар на дисциплинските органи на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), па ќе мора да плати висока парична казна поради инцидентите на натпреварот против Кожув.

Скопскиот клуб е казнет со 30.000 денари поради плукање кон службените лица, а дополнителни 30.000 денари ќе треба да плати и за фрлање тврди предмети на теренот.

Санкции доби и КК Скопје, кој ќе плати 30.000 денари поради неинтонирање на државната химна на дуелот со МЗТ Скопје. Дополнително, клубот е казнет со уште 10.000 денари поради необезбедување услови за непречено одржување на натпреварот.

На списокот на казнети клубови се најде и МКК Куманово, кој ќе мора да плати 16.000 денари поради технички грешки.

Казните се наведени во најновиот билтен на Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.

ИЗДВОЕНИ