среда, јули 22, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се монтираат нови семафори на булеварот „Александар Македонски“

Ќе се монтираат нови семафори на булеварот „Александар Македонски“

59

Екипите на jавното претпријатие „Улици и патишта“, в недела со почеток во  08:00 часот ќе ги монтираат новите портални семафорски столбови на булеварот „Александар Македонски“ на пешачки премин кај бензиската станица „Макпетрол“.

На пешачкиот премин ќе бидат поставени и нови светлосни сигнали кои од неодамна беа оштетени од сообраќајна незгода.

-Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влезот во Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон клучката за Сингелиќ и Маџари. Втората фаза на изведба на порталната греда ќе биде од страната на излезот од Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон улицата „Благоја Стефковски“ – соопштија од претпријатието.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ на наведените локации ќе постават сообраќајна опрема и сигнализација, а ќе бидат распоредени и редари.

Сообраќајот во неколку часовен период ќе се одвива отежнато, но без прекини, поради тоа о д претпријатието апелираат до граѓаните за трпение до завршување на работите согласно предвидената динамика.

 

ИЗДВОЕНИ