четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се гради православен крст над Крива Паланка

Ќе се гради православен крст над Крива Паланка

174

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ ја спроведува иницијативата за изградба на православен крст на возвишението над градот, поточно атарот на село Мартиница – симбол на нашата вера и заедништво.

– Овој крст ќе биде место за молитва и духовен мир, белег на нашата општина за генерациите што доаѓаат – нагласуваат од Фондацијата.

Според планот, осветувањето на крстот ќе се случи на големиот празник , Успение на Пресвета Богородица – 28 август.

Од Фондацијата повикуваат сите хумани луѓе, верници, иселеници, бизнисмени и пријатели на Крива Паланка да се вклучат со донации во овој, како што велат, благороден чин на вера и заедништво.

Донациите можат да се вршат преку сметката на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“.

ИЗДВОЕНИ