четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Посетете го „Етноплоштад фестивал“ во Берово

Посетете го „Етноплоштад фестивал“ во Берово

137

Од 28 до 30 август, на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово ќе се одржи „Етноплоштад фестивал“.

Од Општината најавуваат уникатна атмосфера, богата културно-уметничка програма со многу музика, настапи во живо, традиционални звуци и современи ритми и изложби.

Оние што ќе присуствуваат на овој фестивал ќе можат да вкусат и традиционални малешевски специјалитети, да купат рачни изработи и домашни производи, во рамки на Саемот на традиционални производи.

– Сè на едно место –  етнодухот, музиката, гастрономијата и гостопримството на Берово. Спакувајте позитивна енергија и дојдете – Берово е вашата следна дестинација и центар на случувањата на Истокот – повикуваат од Општината.

 

ИЗДВОЕНИ