сабота, јануари 17, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се градат улици, градинки, спортски сали…

Ќе се градат улици, градинки, спортски сали…

129

Општина Гази Баба во рамките на Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Владата на Република Македонија добива 9 милиони евра, додека Општина Бутел 6 милиони евра, со кои ќе реализира 35 проекти и со тоа ќе прераснат во големи градилишта.

Како што информираат од Општина Гази Баба, со овие средства ќе се реализираат проектите: изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Ќерамидница, на нова училишна спортска сала за ООУ „Григор Прличев“ во Железара, на фекалната канализација во населено место Јурумлери, на фекална канализација за населените места Идризово и Дрма, доградба на општинско основно училиште „Крум Тошев“ во Трубарево, изградба на атмосферска канализација за улиците: „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Железара, реконструкција на улицата „Петре Филиповски Гарката“ во Триангла, изградба на пристапниот пат кон гробиштата Камник, реконструкција на улиците: „Палмиро Тољати“ во Ченто, „519“ во Ќерамидница, „Жан Жорес“- од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“, изградба на улиците: „Париска комуна“ во Хиподром, „Ордан Поп Јорданов„ во Маџари, „22“ во Сингелиќ, „30“ во Чукур Маало, Трубарево и изградба на улица „2“ во Железара.

– За сите овие проекти е изготвена целокупната документација и за нив, по завршување на постапката во Владата, веднаш ќе почне постапка за избор на економски оператор за реализација на градежните активности – истакна Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

Со 6 милиони вера добиени од Владата Општина Бутел ќе гради нова модерна поликлиника, нов дом на културата со плоштад, нов затворен пливачки базен, нови мостови, нови спортско-рекреативни центри, нови пристапни патеки до сите влезови во населеното место Скопје-Север, во должина од 4.500 метри, реконструкција на големиот паркинг во населеното место Скопје-Север, како и уште неколку помали паркинг простори, со што значително ќе се подобри паркирањето во Скопје-Север, како и потпорен ѕид на улица 50.

(А.П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ