петок, октомври 30, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ќе никнат 1.248 нови стана, најмногу во Скопје

Ќе никнат 1.248 нови стана, најмногу во Скопје

42

Бројот на одобренија за градење во јули 2026 година е намален за 8,5 отсто во однос на тој период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

– Во јули 2026 година се издадени 367 одобренија за градење, што е за 8,5 проценти помалку во однос на тој месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.995.108 илјади денари, што е за 74,8 отсто помалку во однос на тој месец од претходната година – се посочува во објавата на ДЗС.

Притоа, од ДЗС појаснуваат дека намалената вредност се должи на фактот што во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци.

– Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61,9 %) се наменети за објекти од високоградбата, 39 (10,6 %) за објекти од нискоградбата и 101 (27,5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 367 објекти, на 209 (56,9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43,1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.248 стана со вкупна корисна површина од 100.440  м2 – се појаснува во објавата.

Притоа, податоците покажуваат дека најголем дел од одобренијата се издадени за Скопскиот Регион.

 

ИЗДВОЕНИ