петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Катастрофа кај Шри Ланка: Потона ирански брод, над 100 морнари се водат...

Катастрофа кај Шри Ланка: Потона ирански брод, над 100 морнари се водат за исчезнати/ФОТО

330

Најмалку 101 лице се водат како исчезнати, а 78 се повредени откако подморница нападна ирански брод крај брегот на Шри Ланка, изјавија денеска за Ројтерс извори од морнарицата на Шри Ланка и Министерството за одбрана.

Нивните поморски сили претходно одговориле на повик за помош од иранскиот воен брод „Ирис Дена“, на кој имало приближно 180 луѓе. Министерот за надворешни работи на земјата, Виџита Херат, подоцна изјави дека војската спасила најмалку 30 лица на бродот.

Министерот за надворешни работи Виџита Херат не сподели дополнителни детали, но рече дека Шри Ланка ќе преземе сите потребни мерки. Локалните медиуми објавија дека бродот пријавил дека му е потребна помош покрај брегот на градот Гале на југозападниот дел од тој остров во Индискиот Океан, и дека повредените се примени во болница во истиот град.

ИЗДВОЕНИ