петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Осмомартовски марш во Скопје за женските права со порака „Нема да нè...

Осмомартовски марш во Скопје за женските права со порака „Нема да нè снема“

64

По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената ќе се одржи традиционалниот марш за женски права што ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена борец“.

На 8 март повикуваме да маршираме заедно за да кажеме и покажеме дека се сеќаваме, бележиме, продолжуваме да постоиме и се бориме. Маршираме по улиците на нашите градови, за да порачаме: „Нема да нѐ снема“, најавуваат организаторите на маршот. Слоганот „Нема да нè снема“ велат –  ја изразува нужната борба на жените да опстојат во систем и општество што ја загрозуваат нивната безбедност, не ги штитат од насилници, ги забораваат, ги оставаат на маргините и ги бришат.

ИЗДВОЕНИ