сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Катар целосно ќе го отвори морскиот сообраќај за сите видови бродови од...

Катар целосно ќе го отвори морскиот сообраќај за сите видови бродови од недела

3057
Фото:википедија

Катар целосно ќе го отвори морскиот сообраќај за сите видови бродови во текот на дневните часови од утре, објави Министерството за транспорт на земјата, истакнувајќи дека посебните правила за рибарските бродови остануваат на сила.

Министерството за транспорт на Катар објави на социјалната мрежа „Икс“ дека морскиот сообраќај ќе биде целосно обновен од недела, 12 април 2026 година, од 6 до 18 часот по локално време.

Министерството за транспорт на Катар ги повика сите учесници во морскиот транспорт строго да ги следат упатствата и да ја проверат исправноста и достапноста на сите безбедносни уреди на бродовите пред и за време на пловидбата, со цел да се обезбеди највисоко ниво на безбедност на море, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ