сабота, октомври 24, 2026
Дома МАГАЗИН Речиси 40 години живее во куќата на Стиви Вондер без да плаќа...

Речиси 40 години живее во куќата на Стиви Вондер без да плаќа кирија: Пејачот сега ја тужи жената што наводно му била свршеница

0
EPA/VICTOR HILITSKI

Музичката легенда Стиви Вондер покрена правна постапка за иселување на жена која речиси 40 години живее во неговата куќа без да плаќа кирија.

Адвокатите на славниот пејач, кој моментално е на европска турнеја, минатиот четврток поднесоа тужба против Кармен Џеферсон пред судот во Лос Анџелес. Тие бараат таа да се исели од куќа со три спални соби, лоцирана во населбата Холивуд Хилс.

Откако ѝ беше испратено ново барање за увид во имотот преку препорачана пошта, Џеферсон му одговори на Хаф со уште една остра порака, пренесува Index.hr.

„Вашиот расистички, безосеќаен тон, својствен за привилегиран белец… имам чувство дека ме вознемирувате. Што се однесува до вашите барања за влез во просторот каде што живеам, не давам согласност за тоа. Не обидувајте се повторно да ме контактирате“, напиша таа.

Вондер бара иселување и отштета.

Хаф одговори, наведувајќи дека предметното писмо не го напишал тој, туку неговата колешка од адвокатската канцеларија, Темпест Тејтум – „која не е ниту расист, ниту безосеќајна личност, ниту пак е бела или маж“.

По уште неколку размени на електронски пораки, друг адвокат на Вондер ја извести Џеферсон дека нивниот долгогодишен устен договор се раскинува, бидејќи таа не се придржувала до неговите услови. Доби рок да ја напушти куќата најдоцна до 27 август 2026 година.

Сепак, Џеферсон не си замина, па адвокатите на Вандер минатиот четврток поднесоа тужба. Пејачот сега бара од судот да нареди нејзино иселување од домот во Холивуд Хилс, како и таа да плати 600 долари отштета за покривање на трошоците настанати поради тоа што полисата за осигурување не била навреме обновена.

Џеферсон, која наводно била свршеница на Вандер, живее во куќата уште од 1988 година. Според тужбата, таа тогаш постигнала устен договор со пејачот, со кој ѝ се дозволува да живее таму без плаќање кирија.

Спор околу инспекција на имотот
Проблемите започнаа во јули, кога претставниците на Вандер се обиделе да извршат увид во куќата во три наврати, со цел да ја обноват полисата за осигурување. Џеферсон секој пат им го оневозможувала влезот.

Наместо тоа, таа испратила е-порака до адвокатот на Вандер, Дејвид Хаф, во која – според документите приложени кон тужбата – напишала: „Одбиј, одбиј веќе“.

ИЗДВОЕНИ