среда, јули 1, 2026
Дома СКОПСКА Карпош се мобилизира по невремето: Лукровски и општинските служби на терен/ФОТО

Карпош се мобилизира по невремето: Лукровски и општинските служби на терен/ФОТО

424
Фото: Општина Карпош

Општина Карпош е меѓу скопските општини погодени од силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа паднати гранки и дрвја на повеќе локации, по што општинските служби веднаш излегоа на терен.

Градоначалникот Сотир Лукровски, заедно со екипите на комуналните служби, ја координира акцијата за расчистување на последиците од невремето.

Во моментов се расчистуваат паднати гранки и дрвја, се отстрануваат наносите од сливниците, а се преземаат и мерки за непречено одвивање на сообраќајот и нормално функционирање на јавните површини.

Од Општина Карпош информираат дека сите надлежни служби остануваат целосно мобилизирани и ќе продолжат со засилени активности сè до целосно санирање на последиците од невремето.

„Приоритет е безбедноста на граѓаните и брзото воспоставување на нормално функционирање во сите делови на општината“, порачаа од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ