Претседателот Доналд Трамп денеска изјави дека САД се сложуваат многу добро со Иран и дека неодамнешните состаноци во Катар поминале добро.
„Денуклеаризацијата на Иран оди многу добро. Имаа многу добри состаноци и ќе видиме“, им рече Трамп на новинарите.
САД и Иран во средата одржаа технички разговори во главниот град на Катар, Доха, во обид да се договорат за бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец и да обезбедат траен прекин на огнот, соопштија извори директно запознаени со разговорите и ирански функционер.
Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, и преговарачот Стив Виткоф, се сретнаа со катарскиот премиер – посредник во разговорите со Пакистан – за да ги постават темелите за разговорите, но тие нема да присуствуваат на дискусиите, изјави извор директно запознаен со разговорите.
„Се сложуваме многу добро“, рече Трамп, додавајќи дека Иран „помина долг пат“, пренесе Ројтерс.












