четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Орбан: Можеме подолго без нафта отколку Украина без европски пари

Орбан: Можеме подолго без нафта отколку Украина без европски пари

123
Фото: EPA

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку протокот низ нафтоводот Дружба не се обнови, Будимпешта нема да донесе ниту една одлука во корист на Киев, велејќи дека Унгарија може да преживее подолго без нафта отколку Украина без европско финансирање.

„Сите знаеме дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го суспендираше протокот. Дури и да е вистина дека Русите ја нападнаа Дружба, ништо не го спречува да го рестартира“, рече Орбан во видео порака на социјалната мрежа „X“.

Тој нагласи дека не е случајно што дури ни на европските експерти не им е дозволен пристап до Дружба во Украина, а камоли на Унгарците и Словаците.

„Зеленски јавно изјави дека не сака да го обнови протокот затоа што верува дека е погрешно Унгарија и Словачка да купуваат руска нафта. Мојот одговор е дека вашето мислење не е важно. Тоа е наша работа, ние ја купивме таа нафта од Русите и очекуваме да ја пуштите“, истакна унгарскиот премиер, пренесува Срна.

Тој изјави дека, во случај Зеленски да одбие да го врати протокот на нафта до Дружба, Будимпешта нема да донесе никаква одлука во корист на Киев, бидејќи има и овластување и обврска кон Унгарија да го стори тоа.

„Ако тој не сака да го врати протокот, нема да одобрам заем од 90 милијарди евра. И ние можеме да преживееме подолго без нафта отколку што тој може без европско финансирање“, додаде Орбан.

ИЗДВОЕНИ