недела, февруари 22, 2026
Дома LIFE Каде најдобро се живее во Европа?

Каде најдобро се живее во Европа?

545

Списанието Travel објави листа на земјите од Европа каде што луѓето живеат најдобро и најдолго. Луксембург е на врвот на листата, а Австрија и Данска се на второто и третото место.

Листата содржи земји со најдобар баланс помеѓу работата и животот. Списанието направи рејтинг врз основа на неколку фактори, а тоа се просечниот број на работни часови неделно, должината на одморот, квалитетот на спиењето, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа и задоволство.

На прво место е Луксембург, благодарение на високиот животен стандард. Една од причините за тоа е системот кој ги наградува постарите вработени со дополнителни денови годишен одмор, работниците над 55 години имаат просечно 36 дена платен одмор годишно.

Дополнително, просечната плата во Луксембург е околу 5.000 евра, а повеќе од 65% од жителите имаат сопствен автомобил. И покрај малата популација од околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа, пренесува Јутарњи.

На второто и третото место се Австрија и Данска, кои на своите вработени им нудат минимум 25 дена платен одмор годишно. Интересен е податокот дека САД се на крајот на листата, на 87. место, бидејќи немаат законска регулатива за годишните одмори и постои големо незадоволство кај луѓето таму.

ИЗДВОЕНИ