Општина Аеродром му изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање на отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија.
– Оваа санкција не е политичка, туку институционална и е резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Нема да дозволиме Аеродром да биде заложник на нечија неспособност и неодговорност – истакна в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Тој ги повикува надлежните да ги преземат сите потребни мерки и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.
– Ќе продолжиме со засилен надзор и санкции за секој што не ја извршува својата работа. Аеродром заслужува чиста, уредна и достоинствена животна средина – порача Митески.