четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЈО презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше диксотеката „Пулс“

ЈО презентира докази за „Рубикон“ – агенцијата што ја обезбедуваше диксотеката „Пулс“

27

Во Основниот кривичен суд продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Обвинителството презентираше материјални докази поврзани со агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, вклучувајќи дозвола за работа, листа на вработени и документација од претресот на канцелариите на агенцијата. Според обвинителите, тројца од ангажираните лица поседувале лиценца за обезбедување, додека едно лице немало.

На рочиштето, одбраната на обвинетиот Александар Нацев побара да не се изведуваат доказите од анализите на крв и урина како незаконити и нерелевантни за предметот. Обвинителството возврати дека доказите се обезбедени законски и се дел од обвинителниот материјал. Судот најави дека дополнително ќе се произнесе по приговорот.

Забелешки на претходно изведените докази изнесоа и обвинетите поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу и Аднан Џаферовски, кои тврдат дека немале законска обврска да распоредат инспектор во Кочани и дека ДЗС не била известена за постоењето на објектот.

Судењето продолжува со изведување материјални докази предложени од Обвинителството.

ИЗДВОЕНИ