четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Додека Општина Кратово ја чека судската забрана, повторно се наплаќа влез за...

Додека Општина Кратово ја чека судската забрана, повторно се наплаќа влез за „Камени кукли“

190

Состојбата на локалитетот „Камени кукли“ кај Куклица е непроменета и покрај тоа што беше најавено дека судот изрекол времена мерка. Лицата кои со години го користат просторот и понатаму се присутни таму, а официјалното судско решение сѐ уште не е доставено до Општина Кратово.

Градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, вели дека според информациите добиени од адвокатот на општината, судот донел мерки против Стојна Димитровска Бут, но тврди дека без официјалниот документ не може да се преземат понатамошни чекори.

– Пресудата е обжалена и во моментов се наоѓа на второстепена судска инстанца. По нејзината правосилност, Општина Кратово очекува нејзино брзо и ефикасно спроведување преку овластен извршител и со поддршка на надлежните државни органи, вклучително и Министерството за внатрешни работи – соопштија од Општина Кратово.

Оттаму додаваат дека покрај наведената парнична постапка, Општина Кратово има поднесено и повеќе кривични пријави (К.бр. 22/2026 и К.бр. 7/2027) за кривично дело узурпација на недвижности кои се уште се во работа пред надлежното обвинителство, како и голем број на пријави и писмени поднесоци до надлежни институции, меѓу кои Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, каде што огромен број претставки има пратено и од страна на голем број оштетени граѓани. Меѓутоа, за жал до овој момент, во Општината немаат добиено позитивни информации за превземени конкретни активности, туку одредени паушални констатации.

Случајот повторно го привлече вниманието на јавноста откако беа објавени снимки на кои се гледа како посетителите на локалитетот им плаќаат за влез на лица кои немаат овластување за тоа. Дел од посетителите на социјалните мрежи пишуваат и дека се соочиле дури и со закани со кучиња.

ИЗДВОЕНИ